Жаба
Година: 2017 / Земја: БИХ, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија / Времетрање: 78 мин. / Јазик: Босански
Зеко, бербер и поранешен војник кој страда од посттрауматско стресно нарушување, го кани својот брат Брацо и нивниот пријател Швабо да го прослават Бајрам. Има намера да го искористи празничното расположение за да го убедни братот, коцкар и алкохоличар, да се откаже од лошите навики и да излезе на прав пат. Брацо не сака да слуша и не го сфаќа овој разговор сериозно. Зеко се обидува со жилет на вратот на својот брат да го присили да вети дека ќе се промени. Брацо бесен заминува велејќи му дека не сака повеќе никогаш да го види, додека Швабо му предлага да посети психијатар. Осамен, без братот и неговиот единствен пријател, Зеко решава да се самоубие, но ќе го спречи Муки, млад човек кој продава книги од врата на врата.
Продукциска куќа: Рефреш Продукција BIH
Копродукциски куќи: Скопје Филм Студио MKD; Ливинг Пикчрс SRB, Пропелер Филм HRV и Иридиум Филм SVN
Продуцент: Адемир КЕНОВИЌ
Копродуценти: Томи САЛКОВСКИ, Димче СТОЈАНОВСКИ, Борис МАТИЌ, Бојан МАСТИЛОВИЌ
Режија Елмир ЈУКИЌ; Сценарио Пјер ЖАЛИЦА и Елмир ЈУКИЌ; Кинематографер Дејан ДИМЕСКИ; Монтажа Владимир ГОЈУН; Сценограф Марио ИВЕЗИЌ; Костимограф Лејла ГРАХО; Шминка Ламија ХАЏИХАСАНОВИЌ ХОМАРАЦ; Дизајн на звук Игор ПОПОВСКИ
УЛОГИ: Емир ХАЏИХАФИЗБЕГОВИЌ, Александар СЕКСАН, Мирсад ТУКА, Моамер КАСУМОВИЌ
Фестивали и награди
2018 - Balkan Florence Express Филмски Фестивал во Фиренца, Италија - Специјално признание за извонредно актерско достигнување (Емир Хаџихафизбеговиќ); Босанско-Херцеговски Филмски Фестивал, Њу Јорк, САД - Награда за најдобар филм, Награда за најдобар актер (Емир Хаџихафизбеговиќ)
2017 - 23. Сараевски Филмски Фестивал, БИХ - Светска премиера - Награда од публиката; 38. Интернационален Фестивал на Филмска Камера „Браќа Манаки“ - Официјална компетиција - Бронзена Камера 300; Косовски Филмски Фестивал Hyjnesha në Fron, Приштина; Филмски Фестивал во Лесковац, Србија; Филмски Фестивал во Тузла, БИХ; Филмски Фестивал во Мостар, БИХ / Официјална компетиција; Cинедејс-Фестивал на европски филм во Скопје, Македонија / Cine Balkan; Загребски Интернационален Филмски Фестивал, Хрватска; Босфор Интернационален Филмски Фестивал, Турција / World Cinema