top of page

За нас

СКОПЈЕ ФИЛМ СТУДИО е продукциска куќа основана од Томи Салковски во 2004 година. Во своето портфолио вклучува дела на етаблирани автори и на млади таленти, кои беа прикажани и на најзначајните фестивали во светот. Во поголем број, проектите се поддржани од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија, до неодамна филмски фонд, а дел од нив и од Фондот на Советот на Европа за поддршка на европски филмски копродукции Eurimages и SEE Cinema Network – мрежата за поддршка на копродукции од Југоисточна Европа.

 

Сите овие години на континуитет резултираа со широки познавања, богато искуство и изграден имиџ на високопрофесионална продукција. СФС е копродукциски ориентирана, а придобивка од досегашното работење на интернационално ниво е остварената долготрајна соработка со автори, продуценти и релевантни институции од регионот и Европа.

 

Од најновата продукција на СФС се долгометражниот играниот филм Реквием за Госпоѓа Ј на Бојан Вулетиќ, кој својата Светска премиера ја имаше во рамките на 67. Берлинале како филм од програмата Панорама, а до сега е прикажан на повеќе од десет фестивали и копродукцијата Жаба во режија на Елмир Јукиќ, премиерно прикажан на 14-ти август оваа година, на 23. Интернационален Филмски Фестивал во Сараево.

bottom of page