Сенки над Балканот
Година: 2017 / ТВ Серија - 10 Епизоди / Земја: Србија, Русија, Македонија / Јазик: Српски, Македонски
На маскенбал, каде е собран белградскиот „crème de la crème“, се случува свирепо убиство. Инспекторот Танасијевиќ, станува свесен дека причината за честите убиства е древна реликвија на која и се припишува мистична моќ. Следејќи ги трагите на злосторството, инспекторот се вклучува во општата потрага по реликвијата со единствена желба - да ја отстрани од градот и да спречи понатамошни страдања на невини луѓе. Во тоа му помага младиот колега Станко Плетикошиќ, еден од првите форензичари излезени од белградското училиште на Арчибалд Рајс, но исто така и неочекувани сојузници од спротивставени страни кои сфаќаат дека инспекторот е неутрален и затоа е погоден за да ги реализираат своите интереси преку него.
Продукциска куќа: Кобра Филм SRB
Копродукциски куќи: Искра Москва RUS и Скопје Филм Студио MKD
Продуцент: Горан БЈЕЛОГРЛИЌ
Копродуценти: Томи САЛКОВСКИ
во соработка со Радиотелевизија Србија, Радиотелевизија Српска Република и Македонска радиотелевизија
Режија Драган БЈЕЛОГРЛИЌ, Коста ЃОРЃЕВИЌ, Срѓан СПАСИЌ, Мирослав ЛЕКИЌ, Данило БЕЌКОВИЌ, Иван ЖИВКОВИЌ и Игор ИВАНОВ; Сценарио Драган БЈЕЛОГРЛИЌ, Даница ПАЈОВИЌ, Дејан СТОЈИЉКОВИЌ и Владимир КЕЦМАНОВИЌ; Кинематографер Иван КОСТИЌ; Композитор МАЊИФИКО; Монтажа Лазар ПРЕДОЈЕВ; Сценограф Горан ЈОКСИМОВИЌ; Костимограф Борис ЧАКШИРАН; Шминка Дубравка ВУКСАНОВИЌ
УЛОГИ: Драган БЈЕЛОГРЛИЌ, Андрија КУЗМАНОВИЌ, Марија БЕРГАМ, Тони МИХАЛЈОВСКИ, Петре АРСОВСКИ, Јана СТОЈАНОВСКА, Горан КИЧИЌ, Виктор САВИЌ, Милош ТИМОТИЈЕВИЌ, Тамара КРЦУНОВИЌ, Николај ШЕСТАК, Алексеј СОЛОНЧЕВ, Никола РИСТАНОВСКИ, Пепи МИРЧЕВСКИ, Аксел МЕХМЕТ, Дениз АБДУЛА, Горан БОГДАН, Срѓан Жика ТОДОРОВИЌ, Ненад ЈЕЗДИЌ, Никола Ѓуричко